
На територијата на државава лани се регистрирани 662 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 111 објекти за домување (16.8 %), 101 доградба, надградба и адаптација (15.3 %), 58 деловни објекти (8.8 %), 94 гаражи (14.2 %), 125 огради (18.9 %), 5 скалила (0.8 %), 19 тераси (2.9 %), 5 летни тераси (0.8 %), 50 натстрешници (7.6 %), 15 времени објекти (2.3 %) и 79 помошни објекти (11.9 %).
Најголем број бесправно изградени објекти (96.2 %) се во приватна сопственост.
Фото: Pexels











