
Германската автомобилска индустрија се опоравува и во првата половина на 2023 година произведе една третина повеќе возила отколку во споредливиот период минатата година, но сè уште е далеку под бизнисот пред пандемијата, соопшти секторската асоцијација VDA.
Со 2,2 милиони автомобили, домашните фабрики од јануари до крајот на јули пуштија 32 отсто повеќе возила и го намалија заостатокот во испораката на нарачаните автомобили, велат од здружението, а пренесува германската агенција ДПА.
Сепак, производството сè уште беше на минус десет проценти во споредба со 2019 година, а заостатокот во испораката на автомобили до клиентите сè уште е над повеќегодишниот просек.
Растот на производството го одразува олеснувањето на тесните грла во синџирите на снабдување, рече претседателката на VDA, Хилдегард Милер.
Прогнозата сè уште е мрачна. „Со поглед на општата економска ситуација и состојбата на нарачките, стапката на раст може да се очекува наскоро да ослабне“, рече Милер.











