
На крајот на мај американскиот производител продаде 103.716 примероци од електричниот кросовер Y на Стариот континент.
Во првите пет месеци од оваа година, продажбата на Tesla Model Y скокна за цели 270% во споредба со истиот период во 2022 година.
Второто место според продажбата го зазеде Dacia Sandero (101.947 примероци), а третото место Renault Clio (99.343).
Во првите пет се и Volkswagen T-Roc (98.150) и Opel Corsa (95.338 продадени примероци), според резултатите собрани од специјализираната веб-страница focus2move.
Интересно е што овој сајт, за разлика од некои други релевантни извори, ја вклучи Русија во анализата на европскиот пазар, па така седми најпродаван модел во првите пет месеци од 2023 година е Lada Granta со 81.639 примероци.
Погледнете ја комплетната листа на топ 10 најбарани модели во Европа (процентуалниот скок/намалување на продажбата во споредба со истиот период во 2022 година е во заграда):
1. Tesla Model Y: 103.716 (+270,0%)
2. Dacia Sandero: 101.947 (+37,2%)
3. Renault Clio: 99.343 (+36,9%)
4. Volkswagen T-Roc: 98.150 (+38,5%)
5. Opel Corsa: 95.338 (+33,5%)
6. Dacia Duster: 89.633 (+36,0%)
7. Lada Granta: 81.639 (+294,2%)
8. Volkswagen Tiguan: 78.875 (+39,8%)
9. Peugeot 208: 77.247 (-9,5%)
10. Toyota Yaris: 75.641 (+20,2%)
Фото: Facebook











