
По неодамнешната продажба на брендови, Студио Модерна го продаде и својот малопродажен бизнис. Го купил трговецот на душеци Matratzen Concord од Германија, изјави за Finance основачот и сопственик на Studio Modernа Санди Чешко.
Сè уште се бараат решенија за останатиот дел од концернот, кој наводно е пред банкрот, пренесува Дневник.си.
Matratzen Concord е во сопственост на кинески бизнисмен кој исто така бил снабдувач на Studio Moderna. Делот што германската компанија сега го купи од Студио Модерна претставува околу четвртина од досегашните приходи, наведува весникот.
„Сè уште ги реструктуираме другите делови на Студио Модерна, сè уште не можам да кажам повеќе“, изјави Чешко за Finance.











