
Германскиот производител на спортски автомобили Порше во средата објави скок во продажбата во првата половина од годината, благодарение на силната побарувачка на домашниот и европскиот пазар во целина.
Во периодот од јануари до јуни се испорачани 167.354 возила, за 15 отсто повеќе од истиот период лани, известија оттаму.
Најмногу е зголемена продажбата во Германија и другите европски земји, за 24, односно 23 отсто.
Во Кина е зголемен за околу осум отсто, а во Северна Америка за околу 12 отсто.
Особено популарни беа теренците, со 26 отсто повеќе продадени Macans и 12 отсто повеќе Cayenne.
Се издвои и спортскиот автомобил 911, со зголемување на продажбата за 21 процент.
Продажбата на електричниот Taycan е намалена за пет отсто, со продадени 17.991 автомобил, поради недостиг на делови, објави компанијата.
„По првите шест месеци (од оваа година) можеме да бидеме задоволни со испораките“, заклучи шефот на продажба Детлев фон Платен.











