
Глобалната заедница на иселеници, односно луѓе кои живеат и работат надвор од својата татковина, Internationals, ги објави резултатите од истражувањето „Expat Insider“, кое ги рангира најдобрите дестинации за живот.
Во креирањето на листата „Expat Insider“ учествуваа повеќе од 12 илјади иселеници, припадници на 171 националност.
Во истражувањето, од иселениците беше побарано да ја оценат леснотијата на населување, работа во странство и извршување слободни активности во нивната земја на живеење. Рангирањето го вклучува и индексот „Експат есеншалс“, кој ги анализира дигиталните услуги, бирократијата, домувањето и јазикот.
Според сите споменати фактори, Мексико е несомнен победник, а првото место го држи од 2014 година. Дури 90 отсто од луѓето кои решиле да се преселат во таа латиноамериканска земја велат дека се задоволни со својот живот, додека на на глобално ниво, 72 отсто се задоволни.
Странските работници истакнуваат дека е исклучително лесно да се прилагодат на мексиканската култура и дека лесно се наоѓа сместување поради многу пристојните цени. Додуша, Мексико помина малку полошо кога се оценуваше политичката безбедност, но затоа и котира високо кога станува збор за можностите за поминување на слободното време.
На високо второ место се најде Шпанија, каде што 87 отсто од иселениците се задоволни со својот живот, најмногу благодарение на тоа што можат квалитетно да поминуваат слободно време (рекреација, пријатна клима). Странските работници во Шпанија се задоволни од рамнотежата на нивниот деловен и приватен живот, а секој трет не е задоволен од локалниот пазар на труд, односно можностите за вработување.
Во Панама, која е на третото место, тие се најзадоволни од леснотијата на стекнување нови пријатели, се чувствуваат сигурно кога станува збор за нивната финансиска стабилност, додека иселениците во Тајван (на четвртото место) се најзадоволни со безбедноста на работата, можностите за вработување и платата.
Најмалку задоволни се иселениците во Кувајт, Норвешка, Турција, Јужна Кореја и Германија. Она што е интересно е дека Германија, ветената земја на балканските работници, беше оценета како најмалку пријателска, а иселениците во Кувајт, Норвешка и Јужна Кореја исто така имаат проблеми да се вклопат во заедницата, додека турските и јужнокорејските имигранти ја оценија бараната работна култура како најпроблематично.
Најдобрите 10 земји за живеење и работа во светот за иселеници
1. Мексико
2. Шпанија
3. Панама
4. Малезија
5. Тајван
6. Тајланд
7. Костарика
8. Филипини
9. Бахреин
10. Португалија











