
Највисоката зграда во Хрватска, Вестгејт Тауер, висока 135 метри и вредна 110 милиони евра, од вчера почнува со работа, соопшти Westgate Group.
Како што се наведува, во оваа зграда во западниот дел на Сплит, чија изградба ја финансираше Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР), ќе има вкупно повеќе од 1.000 вработени.Овој облакодер се состои од 35 ката – 28 над земја и шест подземни – во кои, меѓу другото, ќе работат Ериксон Никола Тесла и голем број други ИТ компании, објави Вестгејт групацијата.
Некои катови, оние каде ќе престојува Ериксон, се застаклени со оклопно стакло и се во согласност со антитерористичките стандарди бидејќи се работи за огромни бази на податоци и чувствителни ИТ операции. Зградата има и нуклеарно засолниште, соопшти Westgate Group.
Минатата година во Лондон, облакодерот го освои меѓународното признание на European Property Award во категоријата најдобро архитектонско решение за комерцијална градба на високоградба.
Фото: Facebook











