Просечната плата во Босна и Херцеговина е 652 евра

Просечната месечна исплатена нето-плата во Босна и Херцеговина за мај изнесува 1.275 конвертибилни марки (652 евра), што покажува номинален раст од 2,7 отсто и реално е за 2,9 отсто повисока во однос на април.

Во мај, вработените во секторот за информации и комуникации имале највисоки просечни нето плати од 1.844 конвертибилни марки (943 евра), во производството и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 1.824 конвертибилни марки (933 евра), а во финансиските и осигурителните дејности 1.797 конвертибилни марки (919 евра), според податоците на Агенцијата за статистика.

Просечната месечна бруто-плата во Босна и Херцеговина за мај годинава изнесува 1.967 конвертибилни марки (1.006 евра), што покажува номинален раст од 2,9 отсто и реално е за 3,1 отсто повисока во однос на април, објави Фена.