Нов спортски канал на Boom TV – Sport Кlub 3

38

sportisti---sportСо цел да им излезе во пресрет на љубителите на спортот и спортските содржини, операторот Boom TV ја збогатува својата програмска шема со уште еден атрактивен спортски канал, Sport Кlub 3.

Овој канал, кој во јавноста е познат како Sport Klub Prime, од 5 октомври ќе биде достапен за сите корисници на Boom TV.

Каналот изобилува со многу спорт и интересни спортски содржини, а особено е атрактивен по фудбалските натпревари од Шпанската, Англиската, Руската и Аргентинската лига.

Sport Кlub 3 на Boom TV ќе се емитува на позиција број 46 и истиот ќе биде достапен како дел од два нови дополнителни пакети кои можат да ги активираат корисници на Boom TV, Mini Boom TV како и корисниците на  дигитален приемник (set-top-box).

Станув збор за Sport Klub 3 пакет по цена од 79 денари, а кој го вклучува само Sport Klub 3 каналот и Extra Paket Plus по цена од 199 денари, кој освен Sport Klub 3 каналот вклучува уште два спортски, два филмски и два канали за возрасни.

Сите нови корисници на Boom TV, првиот месец ќе ја следат програмата на основниот пакет и на Extra Paket Plus бесплатно, а корисниците на Mini Boom TV дополнително ќе ги гледаат и каналите од Fun и Family пакетот.