Pininfarina Battista Edizione Nino Farina во чест на F1 легендата

45

Pininfarina Battista Edizione Nino Farina доаѓа со истиот погон со 1.927 КС како и сите други варијанти на електричниот хиперавтомобил

Pininfarina Battista го забележа своето деби во 2019 година. Електричниот хиперавтомобил со погонска единица од Rimac и каросерија која е изработена од славната дизајнерска куќа Pininfarina, својата производствена верзија ја доби во 2022 година. Сега, има ново специјално издание кое оддава почит и на историјата на Pininfarina и на Formula 1.

Наречен Battista Edizione Nino Farina, а како што може да очекувате, Нино Фарина е инспирација за овој модел. Тој беше првиот официјален светски шампион во Formula 1, осигурувајќи ја титулата во 1950 година возејќи Alfa Romeo на инаугуративното Светско првенство на возачи на FIA. Неговиот вујко беше Батиста Фарина, основач на Pininfarina и личноста по која е именуван хиперавтомобилот – првиот полн автомобил на Automobili Pininfarina.

Наследството на Фарина добива форма преку пакет со изглед кој започнува со слој Rosso Niro за надворешноста, акцентирани со блесоци на бела (Bianco Sestriere) и сина (Iconia Blu). Црната боја се истакнува на покривот и горните делови на вратите, со видлив карбон на страничните ретровизори и мноштво на украсни елементи. Златните тркала изработени по нарачка и страничната графика 01 го комплетираат пакетот однадвор.

Специјални обележја

Внатре е преплавена со кожа, вклучувајќи ги и предните седишта кои намерно имаат неусогласени бои. Возачот седи на црно додека сопатникот е седи на кремасто седиште, но и двете се карактеризираат со специјално обележје Nino Farina. Има повеќе сина и црвена боја во кабината за контраст, а да не зборуваме за карбон и алуминиум. Ќе бидат направени само пет примероци од возилото, а секој од нив ќе носи посебна табличка на вратата во спомен на одреден момент од животот на Фарина. Како такви, нема да има два идентични автомобили.

Нема промени во погонската единица за Edizione Nino Farina, но тоа и не е потребно со оглед на тоа што веќе генерира 1927 КС. Секое тркало добива свој мотор, напојуван од батерии од 120 kWh. Под полн гас, Battista може да достигне до „стотка“ за помалку од две секунди и да продолжи со максимална брзина од 358 км/ч. Тоа е меѓу најбрзите сериски возила во светот, и ако сте разумни со гасот, Battista може да помине приближно 500 километри со целосно полнење.

Automobili Pininfarina не ја открива цената за Edizione Nino Farina, но со стандардниот Battista кој чини 2,2 милиони евра, можете да бидете сигурни дека овој примерок е многу скап.

Преземен од Avtoplus.mk