Шпанија го удвои увозот на руски гас

Русија обезбеди 27,9 отсто од шпанскиот увоз на гас во мај, во споредба со 11,9 отсто една година порано, покажаа податоците на шпанската влада, пишува  магазинот Nedelja на Националниот нафтен комитет на Србија.

Во мај Русија беше вториот најголем снабдувач на гас за Шпанија по Алжир, се наведува во соопштението на Корес, огранок на Министерството за енергетика, пишува весникот Данас.

Шпанија увезла 9.663 гигават-часови природен гас од Русија, што е повеќе од двојно повеќе од 4.357 гигават-часови што ги увезла во мај 2022 година, наведува Корес.