
Во Киев, авиокомпанијата Ryanair ги објави плановите за повоена реконструкција на украинската воздухопловна индустрија, во вредност од 2,7 милијарди евра.
Во соопштението на „Рајанер“ се наведува дека нејзини претставници се сретнале со заменик-премиерот за реконструкција и министер за инфраструктура на Украина, Олександр Кубраков и по тој повод најавиле дека ќе инвестираат над 2,7 милијарди евра во украинската воздухопловна индустрија кога ќе заврши војната.
Официјални лица на ирската авиокомпанија одржаа состанок на аеродромот Бориспил во близина на Киев со претставници на аеродромите во Киев, Лавов и Одеса, се додава во соопштението што го пренесоа агенциите.
Фото: Pixabay











