Во Австрија откриено најголемото гасно поле во последните 40 години

102

Австриската групација за нафта и гас „ОМВ“ денеска соопшти дека го открила „најголемото австриско гасно поле во последните 40 години“, изразувајќи надеж дека тоа може да ја ограничи енергетската зависност од Русија.

Компанијата изјави дека полето е откриено во Долна Австрија, источно од Виена, по пет месеци истражување, пишува Бета.

Полето на гас пробиено на длабочина од 5.000 метри може да го зголеми производството за 50 отсто, се наведува во соопштението на компанијата.

Историски поврзана со рускиот државен гигант „Газпром“, „ОМВ“ се обидува да ги диверзифицира своите извори на снабдување од почетокот на руската инвазија на Украина, но продолжува да добива гас од Русија.