САД објавија податоци за бројот на вработени во јули – не се ни блиску до оние од 2022 година

52

Темпото на вработувања во САД беше стабилно во јули, останувајќи далеку под просекот во 2022 година, покажа извештајот на Министерството за труд во петокот.

Во јули, 187.000 нови работни места беа отворени нето во најголемата светска економија, по 185.000 во јуни, според ревидираните податоци.

И податоците за јули и податоците за јуни се значително пониски од просекот од 399.000 новоотворени работни места месечно во 2022 година.

Новите податоци покажуваат дека во мај и јуни се отворени речиси 50.000 работни места помалку отколку што покажаа претходните проценки, забележува Министерството.

Најмногу нови работни места се отворени во јули во секторот за здравство и социјална заштита, како и во финансискиот сектор и трговијата на големо, откриваат тие.

Приватниот сектор отвори 172.000 нови работни места, а државата 15.000.

Стапката на невработеност падна на 3,5 отсто, од јунските 3,6 отсто, со невработени 5,8 милиони граѓани.

Од март минатата година, стапката на невработеност се движи од 3,4 до 3,7 отсто, забележува Министерството.

Просечната саатница е зголемена за 0,4 отсто во однос на јуни, на 33,74 долари. Во однос на истиот месец лани е зголемен за 4,4 отсто.

Податоците покажуваат стабилно темпо на раст на платите и на месечно и на годишно ниво.