Втор производствен погон на Текнохозе во Бунарџик

58

vlozuvanja-makedonija-invest-03-300x200Во Технолошко-индустриската зона Скопје 1 во Бунарџик, денес ќе биде поставен камен-темелник на вториот објект на италијанската компанија Текнохозе, во кој ќе се произведуваат хидраулични спојки за армирани гумени црева за висок притисок.

Минатата година компанијата го пушти во употреба својот прв капацитет во Бунарџик, инвестиција вредна пет милиони евра каде имаше 50 нови вработувања. Погонот зафаќа површина од 3.000 метри квадратни а во него се произведуваат армирани гумени црева за висок притисок за градежната и за автомобилската индустрија. Производите се пласираат на пазарите во земјите од Југоисточна Европа и во Русија.

Со втората инвестиција планирано е вкупниот број на вработувања да достигне до 200.

Инаку компанијата Текнохозе, која во Република Македонија е регистрирана под името Витек Македонија, е членка на италијанската групација Витило. Групацијата е во приватна сопственост и вклучува два правни субјекта Групо Витило СРЛ што се занимава со производство и продажба на хидраулични спојки под висок притисок и Текнохозе СРЛ за производство на армирани гумени црева.

Групацијата има годишен обрт од 36 милиони евра и поседува шест фабрики во Италија со околу 200 вработени.