Fraport повторно остварува профит

Германскиот аеродромски оператор „Фрапорт“, кој управува и со аеродромот „Јоже Пучник“ во Љубљана, бележи профит, покажуваат резултатите од првата половина од деловната година.

Нето добивката на групацијата изнесува 85 милиони евра, откако лани во ова време групацијата имаше загуба од 53,1 милиони евра поради еднократни трошоци, пишува SEEbiz.

Добивката на Фрапорт по акција во првата половина од годината изнесува 0,87 евра, наспроти минатогодишната загуба од 0,53 евра по акција, пренесува германската новинска агенција ДПА. Во меѓувреме, оперативната добивка се зголеми за 35,2 отсто на годишно ниво, на 245,9 милиони евра, додека приходите се зголемија на 1,8 милијарди евра поради зголемувањето на бројот на патници за 33,8 отсто.

Само на аеродромот во Франкфурт бројот на патници во првата половина од годината скокнал за 29,1 отсто на годишно ниво, на 26,9 милиони. Раст е забележан и на аеродромот во Љубљана. Објавувањето на веб-страницата на Фрапорт покажува дека бројот на патници е зголемен за 39,7 отсто на годишно ниво, на 535.954.

Групацијата е оптимист за бизнисот и за целата деловна година.