Снежана Станковиќ е новиот член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

106

По издаденото одобрение на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и упис во Централниот Регистар на РСМ, Снежана Станковиќ и официјално се приклучи на тимот на Сава пензиско друштво АД Скопје, како нов член на Управниот одбор на Друштвото.

Како член на Управниот одбор, Станковиќ има примарна оперативна надлежност за работата и управувањето со Службата за општи, правни работи и усогласеност со прописи, Сектор за управување со индивидуални сметки и исплата на пензии, Секторот за сметководство, финансии и контролинг и секундарна на Сектор за управување со ризици.

Таа припаѓа на групата истакнати правници во нашата земја, која своето богато професионално искуство го стекнала во скоро три децениската работа во адвокатурата, како и во јавниот сектор, каде извршуваше исклучително значајна и одговорна раководна функција. Ангажманот што го имаше во изминатите години, како надворешен правен советник на Друштвото, ѝ овозможи на Станковиќ одблизу да се запознае со начинот на работење и стратешките правци на развојот на Сава пензиско друштво.

„Моите први впечатоци за Сава пензиско друштво и за неговиот начин на работа, сега откако станав дел од тимот кој ќе управува со Друштво, се крајно позитивни и совршено се надополнуваат со она што и досега имав прилика да го осознам преку нашата меѓусебна соработка. Уште еднаш се уверив дека во Друштвото работи исклучително стручен, искусен и посветен кадар. Верувам дека со моето досегашно искуство и професионално знаење, тимска работа и поддршката што ја добиваме од групацијата каде што припаѓаме, заеднички ќе ги постигнеме сите поставени развојни цели на друштвото, од што придобивки ќе имаат сите сегашни и нови клиенти, како и сите останати наши стејкхолдери, пазарот и заедницата во целина“, изјави Снежана Станковиќ, веднаш по стапувањето на новата функција.

Управниот одбор на Сава пензиско друштво има вкупно три члена, каде покрај Снежана Станковиќ, членуваат и Татјана Бојковска, CFA,CAIA и д-р Петар Талески, FRM кој воедно е и Претседател на управниот одбор.

Сава пензиско друштво АД Скопје управува со „Отворен задолжителен пензиски фонд – Сава пензиски фонд“ и „Отворен доброволен пензиски фонд – Сава пензија плус“, кои се составен дел од македонскиот систем за капитално финансираното пензиско осигурување.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk