За само еден месец граѓани наплатија еден милион евра од осигурување живот

76

Петте компании за осигурување живот само за јули годинава исплатија 62,4 милиони денари, односно еден милион евра на свои осигуреници или на носители на правото за обесштетување.

Износот на исплатените средства за штети покриени со осигурување живот во јули е за 19 отсто повисок од истиот месец минатата година.

Средствата се исплатени заради смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна или со инвестициска компонента, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија осигурителните друштва.

-Најголемо учество во исплатените средства во јули имаат договорите за осигурување живот со штедна компонента. Во јули осигуреници наплатиле 50,3 милиони денари или 818.

000 евра од овој тип на осигурување. Овој осигурителен производ покрај осигурување живот нуди можност по истек на рокот на договорот осигуреникот да ги добие вложените средства зголемени за камата.

Овој осигурителен производ овозможува дел од каматата на средствата кои осигурителната компанија, ги прибира од осигуреницитеги вложува во безризични инвестициски инструменти како што се депозити или обврзници, да се вратат како принос на осигурениците.

Заради тоа и овој тип на осигурување живот се нарекува осигурување со учество во добивката, информираат од АСО. Осигурителните компании, како што велат, во јули исплатиле 6,3 милиони денари или 102.

000 евра на семејства или носители на правото за исплата на штета во смртни случаи на лица кои го осигурале својот живот.

Овој тип на осигурување не вклучува учество во добивка што значи дека е осигуран само ризикот смрт и доколку не се случи во договорениот временски период за кој важи осигурувањето, вложените средства ги задржува осигурителната компанија со која е склучен договорот.

-Кај најновиот тип на осигурување живот на нашиот пазар популарно познат под називот јунит-линкд осигурување компаниите во јули исплатиле 5,56 милиони денари или 90. 000 евра.

Овој производ покрај осигурување живот нуди и вложување на дел од парите во хартии од вредност со кои се тргува на светските берзи.

Токму заради тоа што осигуреникот избира во какви хартии од вредност ќе се вложат неговите средства кај овој тип на осигурување ризикот од вложувањето е на товар на осигуреникот, прецизираат од АСО.

Во сите типови на осигурување живот, како што посочуваат, во јули граѓаните вложиле вкупно 64,5 милиони денари, односно 1,05 милиони евра.

-Повеќе од половина од вкупниот износ на вложени средства се однесуваат на полиси со кои е осигуран само ризикот смрт и кои не носат право на учество во добивката.

Во првите седум месеци годинава граѓаните во осигурување живот вложиле 1,21 милијарди денари или 20 милиони евра, нагласуваат од АСО.

АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување.