ДЗС: Македонија во јули имала 197. 273 туристи

67

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2023 година изнесува 197. 273, од кои 46.0 % се домашни туристи, а 54.0 % се странски туристи. Бројот на странски туристи изнесува 106.571 туристи , а најбројни се од Турција 38.087. Следат туристи од Србија 11.124, Полска 5.911, Холандија 5.004 , а од Романија 4.860.

Бројот на ноќевањата во јули 2023 година изнесува 742 970, од кои 71.4 % се од домашните туристи, а 28.6 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 44.0 %.

Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.7 %, а кај странските има зголемување за 28.4 %.