Росатом: Западните санкции нема да го запрат спроведувањето на проектот

Политиката на санкции на западните земји влијае на проектот на унгарската нуклеарна централа Пакс-2, кој се гради во соработка со руската корпорација Росатом.

Ова  го изјави генералниот директор на руската нуклеарна корпорација Алексеј Лихачев на 67. годишна сесија на Генералната конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија, IAEA.

„Детално разговаравме со министерот за надворешни работи на Унгарија, за деталите на овој проект, прашањата поврзани со замена на увозот, имајќи предвид дека западната политика на санкции влијае и на овој проект. Сепак, ништо нема да го спречи неговото спроведување со соодветно темпо и во интерес на унгарскиот народ“, рече Лихачев, пренесува Тас.