
Деловното расположение во Германија малку се подобри во ноември, но закрепнувањето останува нерамномерно, според извештајот објавен денес од Институтот за економски истражувања (Ifo) во Минхен.
Вредноста на индексот, кој го мери деловното расположение на германските компании, се зголеми од 90,1 поени во октомври на 90,6 поени во ноември, според извештајот.
Компаниите се донекаде позадоволни од моменталната деловна состојба, а исто така попозитивно ги оценуваат и перспективите за следниот период.











