Молдавија повеќе нема да купува гас од Русија

Молдавија повеќе нема да купува гас од руската компанија Газпром, изјави денеска молдавскиот министер за енергетика Виктор Парликов за време на видео обраќањето на Евроатлантскиот форум за одржливост во Букурешт.

Тој најави дека Кишињев купувал гас од европскиот пазар, под услови кои се поповолни од оние кои Кишињев ги има во договорот со Гаспром, пишува сајтот на Радио Молдавија.

„Ние повеќе нема да купуваме природен гас од Газпром за територијата што ја контролираат уставните власти, бидејќи во Република Молдавија сè уште имаме дел од територијата што не ја контролираме – сепаратистичкиот регион“, рече Парликов.