
Златото падна на околу 1.820 долари за 31,1 грам унца, што е најниско од почетокот на март, по веста за зголемување на работните места во САД во август (што ги зголемува изгледите за натамошни зголемувања на каматните стапки од страна на ФЕД).
Биткоинот доби поттик во понеделникот, искачувајќи се на речиси 28.500 долари. Според една теорија, тоа е и затоа што САД се во смртоносна должничка спирала. Дополнително, долгот надмина 33 трилиони долари, а работите само се влошуваат. Ако минатата година САД платија 400 милијарди долари за отплата на долговите (што е веќе огромна сума), до 2032 година треба да порасне на 1,2 трилиони долари, пренесе Сеебиз.











