ExxonMobil го презема Pioneer за 59,5 милијарди долари

Американската нафтена компанија „ЕксонМобајл“ склучи спогодба вредна 60 милијарди долари за купување на „Пионир Нејтурал Рисорсес“, компанија што вади нафта од шкрилци.

Ова е најголемата зделка во нафтено-гасниот сектор на САД во изминатите две децении.

Со договорот „Ексон“ типува на иднина на побарувачката на нафта и јаглеродни горива, што го покажуваат високите цени, пишува Волстрит журнал. Компанијата исто така врши притисок врз соперникот „Шеврон“, со што може да започне ера на мега спојувања во време кога големите енергетски компании охрабрени од капиталот на институционалните инвеститори можат да заземат помали соперници.

Зделката ја оценува „Пионир“ на 253 долари акција или повеќе од седум отсто над проценетата вредност од 55 милијарди долари. Акциите на компанијата пораснаа за три отсто. На „Ексон“ се намалија за еден отсто, но со ова се зацврстува нејзината улога на доминантен играч во американската индуструја за хидраулично фрактурирање (фракинг), постапка што се користи при вадење нафта од шкрилци.

Во САД оваа индустрија е сконцентрирана во западен Тексас каде „Пионир“ има најмногу локации за дупчење од сите други соперници.

За „Ексон“ ова е најголем досега склучен договор по слевањето со „Мобил“ кон крајот на 1990-те.