ММФ: Јавниот долг на Русија годинава ќе порасне на 21,2 отсто од БДП

Јавниот долг на Русија годинава ќе порасне на 21,2 отсто од БДП, покажуваат најновите прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Според експертите, по 2024 година големината на рускиот национален долг ќе почне да се намалува и до 2028 година ќе падне на 18,2 отсто од БДП, пренесува Комерсант.

Во јули, заменик-шефот на Министерството за финансии на Русија, Ирина Окладникова, изјави дека одделот има намера да го задржи растот на јавниот долг во „сигурни граници“ од 20 отсто од БДП.