
Американскиот министер за финансии Скот Бесант предупреди дека Федералните резерви (ФЕД) би можеле да ја загрозат американската економија со прекумерно затегнување на монетарната политика како одговор на најновите податоци за инфлацијата, посочувајќи на знаци на слабост во финансискиот систем.
„Многумина сметаат дека со прекумерно затегнување на монетарната политика, би можеле да направат грешка“, рече Бесант во интервју за телевизијата Си-Би-Ес, во емисијата „Face the Nation“.
Тој истакна дека финансиските услови во САД значително се затегнале во последните неколку месеци.











