
На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 106,40 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,67 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,10 на 149,80 јени.
И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0545 долари, додека вчера во ова време беше 1,0620 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,70 отсто, на 86,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,90 отсто, на 83,65 долари.











