
На глобалните пазари цените на нафтата драстично пораснаа минатата недела бидејќи трговците стравуваат дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да го наруши снабдувањето со нафта од регионот.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела скокна за 7,5 отсто, на 90,89 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 5,9 отсто, на 87,69 долари.
Откако пред една недела потона за повеќе од 11 отсто, цената на нафтата на лондонскиот пазар поврати добар дел од тие загуби минатата недела.
Во текот на неделата, цените на нафтата се движеа во релативно тесен опсег, за нагло да пораснат во петокот, што е главно последица на конфликтот на Блискиот Исток меѓу Хамас и Израел.











