
Не очекувајте цените на становите во САД наскоро да паднат и покрај рекордно високите нивоа на недостапност, предупредува инвестициската компанија Голдман Сакс.
Просечните цени ќе скокнат за 1,8% годишно во 2023 година, а потоа за уште 3,5% до крајот на 2024 година, без неочекувани економски превирања, се вели во прогнозата на банката.
„Достапноста за купувачот е полоша отколку што беше на врвот пред крахот во 2006 година“, напиша тимот предводен од главниот кредитен стратег на Голдман Лофти Кероуи во истражувачката белешка што ја објави „Инсајдер“.











