
Тојота мотор привремено го запре производството во своите шест фабрики по експлозијата во фабриката на добавувачот на делови Chuo Spring Co.
Соопштено е дека експлозијата во јапонската провинција Аичи, во која се повредени двајца работници, ги оштетила машините за сушење во објектот, јавува Anadolu Agency.
Како што објави познатиот производител на автомобили, поради недостиг на делови по експлозијата, привремено се стопирани 10 производни линии во шест фабрики во Јапонија.
Во соопштението се вели дека сè уште не е јасно кога производните линии ќе бидат рестартирани во текот на неделата.
Засегнатите производствени линии наводно припаѓаат на моделите Land Cruiser и RAV4 на Toyota.











