
Обемот на извозот на гас преку гасоводи за Кина во блиска иднина може да го достигне нивото на претходниот извоз во Западна Европа, изјави шефот на Гаспром, Алексеј Милер.
Видео со оваа изјава беше објавено денеска на каналот Телеграм на новинарот Павел Зарубин, пренесува Комерсант.
Во 2022 година, Гаспром извезе околу 85 милијарди кубни метри гас во европските земји и 15,5 милијарди кубни метри во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“.











