Ротшилд продаде дел од богатството за над 62 милиони долари

Огромна колекција на уметнички предмети, мебел, сребро, керамика и накит, која долго време се чуваше како дел од приватната колекција на познатата банкарска династија Ротшилд, е продадена за повеќе од 62,6 милиони долари на повеќе аукции на Кристи во Њујорк.

Продажбата заврши во вторникот, а беше првата аукција посветена на предметите на познатото американско семејство со француско потекло.

Најголем дел од продадените предмети ги собрале во 19 век баронот Џејмс Мајер де Ротшилд, неговата сопруга Бети и нивниот син Алфонс, по што станале дел од колекцијата на нивните наследници, пренесува N1.

Во колекцијата имало и дела од стари мајстори, меѓу кои за седум милиони евра била продадена слика од 17 век.

Меѓу најстарите предмети во колекцијата е медалјон со портрет на римскиот император Клаудиј од првиот век од нашата ера. Медалјонот е продаден за 116.000 долари.

„Ова се предмети кои се зачувани од крајот на 19 век, а ако не ја знаевте таа конкретна гранка од семејството, тешко дека ќе можевте да ги видите“, рече Џонатан Рандел, потпретседател на Кристи Америка.

Тој додаде дека ваквата аукција не е вообичаена во Америка и дека таквите продажби се почесто се случуваат во Европа.