Србија: Повлечени 4.660 литри сок

74

sok od jabolkoРезултатите на суперанализата спроведена во Србија покажаа дека три сокови од два произведувачи имаат помал процент на овошен удел од декларираниот. Како што за Танјуг изјавил Ненад Вујовиќ од Земјоделската инспекција, надвор од промет се ставени 4.660 литри сок.

Утвредно е дека на пропишаниот квалитет не одговараат овошниот нектар од праска и јаболко “верде” на произведувачот IB Team од Белград, “баш баш” кашестиот овошен нектар од праска и јаболко на произведувачот Duga Fruit од Крушевац и “сорисо” бистриот овошен сок од јаболко, исто така на Duga Fruit.

Контролата над произведувачите на овошни сокови и нектари е завршена на 10 октомври, а со неа се опфатени десет произведувачи и земени се 25 примероци на сокови, додава Вујовиќ.

Производите кои не одговараат на пропишаниот квалитет се ставени надвор од промет и следуваат мерки предвидени со законот.

Деновиве Црна Гора воведе привремена забрана за увоз на неколку српски брендови, а според Вујовиќ, станува збор само за одредени серии на сокови. Вујовиќ истакна дека соковите што се произведуваат во Србија се исклучително квалитетни и редовно се контролираат, а нивната здравствена исправност е на завидно ниво.