Тодориќ: Агрокор се подготвува за аквизиции во Турција и Русија

27

todoricАгрокор планира иницијална јавна понуда (ИПО) на акции на Лондонската берза во следните две години, а парите што ќе ги собере на берзата би можел да ги искористи за аквизиции во Турција и Русија, изјави за Financial Times основачот и сопственик на овој хрватски концерн, Ивица Тодориќ.

Кога регулаторните агенции ќе го одобрат спојувањето со словенечки Меркатор и кога истото целосно ќе биде спроведено, Тодориќ вели дека ќе се разгледува ширењето на компанијата и надвор од западен Балкан. ИПО-то би било клучно за овој чекор, но Агрокор ќе причека додека сосема не се подготви за понудата.

“Во потполност сме подготвени за спојување на двете компании и веруваме дека во рок од две години ќе бидеме подготвени и за следниот чекор. Ќе видиме дали тоа значи формирање на партнерство, аквизиции или излегување на нови пазари. Сега би било штета да се оди со ИПО, но веруваме дека во рок од неколку години пазарот ќе биде потполно поинаков и ние ќе бидеме подготвени. Подготвени сме да разговараме со големи меѓународни финансиски играчи околу тоа”, вели Тодориќ за FT.

Тодориќ вели дека жали што во 2008 година не успеале преговорите со турскиот малопродажен ланец Мигрос, но неговата компанија се подготвува за уште еден обид за влез во Турција, веројатно со странски партнер.

“Некогаш можеш да имаш премногу советници, а нашите се плашеа од инфлацијата и турската лира. Сега Мигрос е една од најуспешните компании”, вели шефот на Агрокор и додаде дека комоанијата треба да се фокусира на поширокиот регион, особено на Русија и Турција.