Зара најави голем пресврт во производството на облека

Сопственикот на Зара, Inditex потпиша договор со американскиот стартап Ambercycle за набавка на рециклиран полиестер, што укажува дека планира да користи повеќе рециклиран текстилен отпад во производството на облека во иднина, пренесе Пословни.хр.

Најголемиот ланец на продавници за облека во светот најави дека ќе одвои повеќе од 70 милиони евра за да обезбеди снабдување со рециклиран полиестер на Ambercycle, произведен од текстилен отпад. Според договорот, Inditex ќе купи „значаен“ дел од рециклираниот полиестер што се продава под брендот cycora од американскиот стартап на три години. До крајот на деценијата, материјалите од „новата генерација“ треба да сочинуваат четвртина од влакната што Зара ги користи во производството.

Брзо се суши и трае долго
Полиестерот  масовно се користи во спортската облека бидејќи брзо се суши и долго трае, потсетува Ројтерс.