
Најголемата банка во еврозоната, француската BNP Paribas, денеска објави дека нејзината добивка во третиот квартал паднала за четири отсто на годишно ниво, на 2,66 милијарди евра.
За разлика од нив, приходите на BNP Paribas во истиот период се зголемени за четири отсто на 11,58 милијарди евра, пренесува CNBC.
Овие резултати се во согласност со очекувањата на аналитичарите.











