
Вчера на Волстрит индексите остро паднаа втор ден по ред, што е последица на притисокот врз акциите на технолошките гиганти и стравувањата на инвеститорите дека каматните стапки ќе останат покачени подолго од очекуваното.
Dow Jones се лизна за 0,76 отсто, на 32.784 поени, додека S&P 500 потона за 1,18 отсто, на 4.137 поени, а индексот Nasdaq 1,76 отсто, на 12.595 поени.
Вчера беше објавено дека во третиот квартал американскиот бруто-домашен производ (БДП) порасна за 1,2 отсто во однос на претходните три месеци, кога беше зголемен за 0,5 отсто.
Во однос на третиот квартал од минатата година, тој порасна за 2,9 отсто, по растот од 2,4 отсто од април до јуни. Ова покажува дека најголемата светска економија продолжува да расте стабилно, дури и побрзо од очекуваното.
Ова е добра вест, но ги поддржа стравувањата дека каматните стапки на американската централна банка може дополнително да се зголемат и дека тие би можеле да останат на покачени нивоа подолго од очекуваното.
„Инвеститорите ги гледаат економските показатели преку леќите на агресивната ФЕД. Добрите податоци ја доведуваат во прашање тезата што преовладува на пазарот – дека централната банка ќе почне да ги намалува каматните стапки следната година“, вели Грег Басук, директор во AXS Investments.
И вчера, како и завчера, меѓу најголемите губитници беа акциите на некои од најголемите технолошки компании, како Мета платформи и Алфабет.
Кварталните резултати на тие гиганти се во согласност со очекувањата на аналитичарите или се подобри од нив, но или потфрлија во некој деловен сегмент или компаниите најавија послаби од очекуваните проценки за идниот бизнис, па акциите на тие компании се под притисок.
И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,81 отсто, на 7.354 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,08 отсто, на 14.731 поен, а париски CAC за 0,38 отсто, на 6.888 поени.











