
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката на валути е стабилна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,57 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,58 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 150,25 на 150,35 јени, блиску до највисокото ниво во една година.
И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0560 долари, додека вчера во ова време беше 1,0565 долари.
Еврото донекаде ослабе бидејќи вчера Европската централна банка ги остави каматните стапки непроменети и објави дека инфлацијата во еврозоната се намалува.
Индексот на доларот е на пат за добивка оваа недела од околу 0,4 отсто.
Цените на нафтата, пак, надоместија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 1,46 отсто, на 89,20 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,47 отсто, на 84,45 долари.











