
Ризикот војната меѓу Израел и Хамас да се прошири во регионот на Блискиот Исток може да доведе до уште поголем пораст на цената на нафтата, која порасна за шест отсто во три недели пред војната, и до зголемување на цената на другите суровини и земјоделски производи, истакна денеска Светската банка. На Блискиот Исток се додава влијанието на руската инвазија на Украина, која предизвика најголем шок на пазарот на суровини од 1970-тите“, потсетува главниот економист на Светска банка, Индермит Гил.
„Треба да внимаваат оние кои одлучуваат за политика. Ако конфликтот (меѓу Израел и Хамас) се интензивира, светската економија ќе мора да се соочи со двоен енергетски шок“, предупреди тој.
Во случај на ограничено влијание на војната, цената на нафтата може да порасне за три до 13 отсто, на 93-102 долари, во средно опасно сценарио, нафтата би можела да достигне цена во опсег меѓу 109 и 121 долар.
Во најлошото сценарио, нафтата би достигнала помеѓу 140 и 157 долари, што е потенцијално повисоко од историскиот максимум од 147,50 долари во 2008 година.











