Мекдоналдс ги надмина очекувањата на Волстрит

Синџирот ресторани за брза храна Мекдоналдс во третиот квартал од оваа година ги зголеми приходите за 14 отсто на годишно ниво, на 6,69 милијарди долари. Нето добивката, пак, е зголемена за нешто повеќе од една третина на 3,17 милијарди долари.
Објавените деловни резултати ги надминаа очекувањата на аналитичарите.

Приходите и профитот се зголемија главно поради зголемувањето на цените на понудата на најголемиот светски снабдувач на брза храна.

Извршниот директор на компанијата Крис Кемпчински најави дека макроекономското опкружување е во согласност со очекувањата, а резултатите ја потврдуваат силата на компанијата.

Во САД, продажбата се зголеми за околу осум проценти, исто така поради растот на дигиталните нарачки за достава до дома. Вкупниот раст на глобалната продажба достигна 11 отсто.