ОПЕК: Побарувачката за нафта годинава ќе се зголеми за 2,5 милиони барели дневно

Глобалната побарувачка на нафта оваа година ќе се зголеми за 2,5 милиони барели дневно, објави Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во најновиот месечен извештај.

ОПЕК малку ја зголеми својата претходна проценка за растот на побарувачката, откако претходно прогнозираше дека побарувачката ќе порасне за 2,44 милиони барели дневно во 2023 година.

Организацијата на земјите извознички на нафта сега очекува вкупната побарувачка на нафта оваа година да биде 102,11 милиони барели дневно.