Xiaomi има сериозен адут во својот прв модел SU7

85

Благодарение на кинеското министерство за индустрија и информатичка технологија, откриен е изгледот на првиот автомобил на технолошкиот гигант Xiaomi

Кинески Xiaomi е најпознат по своите паметни телефони и останатите технолошки „гаџети“. Но, технолошкиот гигант запловува во нови води, а благодарение на поднесената лиценца за јавна продажба во Кина, првиот патнички автомобил на компанијата, целосно електричен седан наречен SU7 дојде до очите на јавноста.

 

 

SU7 е производ на Beijing Xiaomi, новоформираната автомобилска рака на Xiaomi. Претходно познат по неговото кодно име MS11, компактниот ЕВ ќе биде изграден по договор на BAIC (Beijing Automotive Industry Holding Co Ltd) и се уште не е официјално претставен. Но, како и секој автомобил наменет за кинескиот пазар, SU7 беше откриен од кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT), кое објави избор на слики и мноштво технички податоци.

Предниот дел на SU7 веќе до некаде е познат благодарение на неколку слики кои се појавија претходно оваа година, но овие поостри фотографии ни откриваат мошне атрактивен седан.  Автомобилот се одликува низок нос со суптилно издигнати предни браници, рамни рачки на вратите, стиснат струк и мускулести задни лакови.

Податоците од Минстерството за индустрија и информатичка технологија не откриваат сè за дебитантскиот ЕВ на Xiaomi, но открива дека има меѓуоскино растојание од 3.000 милиметри, што одговара на Hyundai Ioniq 5. Купувачите добиваат избор на тркала од 19 или 20 инчи, а исто така можат да нарачаат автомобил со Lidar сензор кој се наоѓа зад предното стакло за да обезбеди напредни функции за помош на возачот.

Две верзии

Три нивоа на опременост – SU7, SU7 Pro и SU7 Max – ќе можат да бираат купувачите кога продажбата ќе започне подоцна оваа година, а некои верзии ќе добијат активен заден спојлер. Основната погонска група има електричен мотор со единечна моќност од 299 КС што ги придвижува само задните тркала и достигнува брзина од 210 километри на час, додека опционалната поставка со погон на сите тркала се чини дека опслужува огромни 673 КС со распоредување на два мотори и може да достигне 265 км/ч. Претходниот извештај сугерираше дека SU7 ќе биде достапен и со 1,5-литарски мотор за продолжување на опсегот, но засега нема никакви податоци за тоа.

Се разбира, со оглед на тоа дека доаѓа од компанија за паметни телефони, SU7 треба да обезбеди беспрекорна интеграција на телефонот и автомобилот. Car News China известува дека електричниот автомобил ќе работи со HyperOS на Xiaomi, оперативен систем развиен од компанијата што може да ги напојува паметните телефони и паметните автомобили.

Преземено од Avtoplus.mk