
Индексот на расположението на потрошувачите во американската економија падна од 63,8 поени на 61,3 на крајот на ноември во однос на октомври, што е подобро од почетната студена вредност на индексот од 60,4 поени, покажуваат податоците на Универзитетот во Мичиген.
Индексот на очекувањата за следните шест месеци падна од октомвриската вредност од 59,3 на 56,8 поени, додека индексот на расположението за моменталната состојба падна од 70,6 на 68,3 поени.
Очекувањата на потрошувачите во однос на инфлацијата следната година се зголемија од 4,2 отсто во октомври на 4,5 отсто на годишна основа.
„Во октомври, на падот на индексот најмногу влијаеја очекувањата во однос на условите за деловно работење, иако сегашните оценки за личните финансии малку се подобрија. Инфлациските очекувања се зголемија и покрај признавањето на потрошувачите дека инфлацијата моментално е во опаѓање“, изјави Џоан Хсу, директорка за истражување на потрошувачите на Универзитетот во Мичиген.











