Светскиот пазар на паметни телефони забележа раст по две години

Во октомври, продажбата на паметни телефони на глобално ниво се зголеми за пет отсто на годишно ниво, за прв пат во последните 27 месеци, објави денеска агенцијата за истражување на пазарот Counterpoint од Хонг Конг.

„Лидерите на растот се пазарите во развој на Блискиот Исток и Африка, а растот беше поддржан и од враќањето на Huawei во Кина и почетокот на сезоната на годишни одмори во Индија“, се вели во соопштението, пренесе CNBC.

iPhone 15 на Apple се појави на пазарот на крајот на септември, а првите ефекти од продажбата се почувствуваа во октомври.