CEED Македонија се ребрендира и доделува сертификати и благодарници на учесниците во програмите

62

ceed

Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија, вечерва во хотел Александар Палас свечено ќе го прослави своето ребрендирање и ќе ги промовира новите генерации менаџерски програми. Ќе се доделуваат сертификати и благодарници на околу 300 претприемачи, менаџери и ментори кои изминатата година беа дел од програмите на CEED Македонија. На присутните на настанот, покрај г-дин Јован Маџовски, регионален менаџер за Македонија, Албанија, БиХ, Србија и Молдавија, ќе им се обрати и заменик шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Р. Македонија, г-дин Бартон Ј. Путни.

CEED Македонија е дел од меѓународна мрежа на претприемачки центри кои освен во Македонија, функционираат и во Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Словенија, Романија, Црна Гора, Полска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, САД. До сега, на глобално ниво во програмите на CEED учествувале 21.000 претприемачи и бизнис поддржувачи. CEED има инвестирано седум милиони долари за претприемачите во мрежата, има 500 активни членови и 1.100 остварени менторски средби во целиот свет.

e_Pokana_CEED