
На почетокот на неделата европските берзански индекси се во најголем дел во пад, а во исто време е забележан пад на цената на нафтата и скок на цената на златото.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:30 часот падна на 15.995,85 поени, исто како и францускиот CAC 40 – на 7.283,73 поени, а лондонски FTSE 100 – на 7.460,21 поени.
Московскиот MOEX се искачи на 3.218,50 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс скокна на 35.390,15 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 – на 4.559,34 поени, додека вредноста на индексот Nasdaq падна на 14.250,86 поени. .
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 74,941 долари за барел, како и цената на нафтата од типот Брент – на 80,073 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 46.500 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.014,89 долари за унца, како и цената на пченицата на 5,4997 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09468, што е приближно исто како и во петокот.











