Компанијата Лилиум доби одобрение од ЕУ за своите летечки такси

Германската компанија Лилиум објави дека добила одобрение од ЕУ за дизајн и работа на своите летечки такси.

Како што пренесува CNBC, Lilium добил одобрение од Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија, лиценца што ѝ овозможува на компанијата да дизајнира и произведува свои летечки такси наместо да се раководи со договорените упатства на ЕУ.

Ова одобрение е всушност лиценца за работа за Lilium, изјави главниот технолошки директор на компанијата Алистер Мекинтош.

Фото: Facebook