Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.9 % на месечно ниво и за 3.9 % на годишно ниво.
Во октомври 2023, во споредба со септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 0.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.6 %, Капитални производи за 0.8 % и Нетрајни производи за 1.3 %.
Во октомври 2023, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија
за 9.5 % и Капитални производи за 6.9 %.