Европските берзански индекси главно се во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата

Европските берзански индекси денеска главно се во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:20 часот порасна на 16.810,45 поени, исто како и лондонскиот FTSE 100 – на 7.595,03 поени и францускиот CAC 40 – на 7.570,04 поени, додека московскиот MOEX падна на 3,69 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс скокна на 36.404,93 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 – на 4.622,44 поени и вредноста на индексот Nasdaq – на 14.432,49 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 71,618 долари за барел, а на нафтата од типот брент на 76,308 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 36 евра за мегават-час.

Цената на златото се искачи на 1.983,08 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата се искачи на 5,9320 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07863, што е приближно исто како и вчера.