Како Мерилин Монро стана заштитно лице на Chanel

53

Marilyn-Monroe-perfume

Американската актерка, иконата Мерилин Монро, постхумно е назначена за ново лице на Chanel No. 5, педесет и една година по нејзината смрт.

И покрај тоа што во текот на животот Мерилин се нема појавено во реклами за Chanel No. 5, таа можеби е неговиот најдобар амбасадор. Во интервју од 1952 година, кога од Life магазинот ја прашале што носи кога си легнува за спиење, пижами или наметка, таа одговорила “Само Chanel No. 5”.

Нејзината изјава влезе во историјата на Холивуд како пример за духовитиот шарм на овој секс симбол, со што внесе доза на мистичност околу овој парфем. Шест децении подоцна, Chanel планира да ја задржи Мерилин во центарот на вниманието во своите No. 5 кампањи. Компанијата кон крајот на оваа есен планира уште една кампања со нејзиниот лик.